Димитров и Дачиќ ќе се сретнат во Ниш

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ, ќе се сретнат денеска во Ниш, за да ги испеглаат односите по скандалозното повлекување на целиот српски персонал од амбасадата во Скопје.

Амбасадата на Србија вчера почна со нормална работа, откакако неколкумина службеници се вратија од Белград.

Амбасадорката Дивјак Томиќ се враќа на 31 август, а веќе на 1 септември ќе побара прием кај премиерот Заев.