Димитров: Наши политичари ја криеја табличката со ФИРОМ

,,Знаете дека понекогаш наши политичари ја криеја табличкава? Да не се види на слики? Привремената референца со која ни се обраќааат во ОН, ЕУ, НАТО, ОБСЕ, Совет на Европа, и многу други организации, веќе 25 години?“-пишува министерот за надворешни работи, Никола Димитров, илустрирано со табличката со привремената референца.

Димитров на овој начин веројатно сака да каже дека ако бие успешен референдумот на 30 септември, тоа ќе биде минато.

Владата и нејзините членови се во кампања на која повикуваат да се гласа ЗА Договорот со Грција и пристапување кон ЕУ и НАТО под името Република Северна Македонија.

Во меѓувреме и тој сѐ уште низ светот настапува под привремената референца, како што е заведена Република Македонија во меѓународните организации.