Вчерашниот ден во Македонија престојуваа познати гости од светот на естрадата и уметноста. Политичарите ги заменија средбите со политичарите со средби, фотографирање и ракување со популарни светски и балкански ѕвезди.
Министерот за надворешни работи во Битола се сретна и фотографираше со актекрската легенда, италијанската глумица Клаудија Кардинале, која е гостинка на филмскиот фестивал, Браќа Манаки..
И фотографијата која министерот ја објави на својот ФБ профил е токму како од црвен тепих.
Градоначалникот на Штип пак, Благој Бочварски, ѝ беше домаќин на пејачката Северина.
Северина е гостинка на општината за да ги развесели гостите на познатата штипска манифестација, Пастрмалијада.