Димовски му се закани на Заев-недај Боже народ да почнува да зборува

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ го ,,молеше“ лидерот на СДСМ и пратеник Зоран Заев да внимаваат да не направат избрзани чекори и да ја доведат Македонија во уште полоша положба. Тој му реплицираше на неговиот говор во кој Заев најави дека е можно доколку не престане оваа лакрдија , да се избере претседател на Собрание во друга сала.

Всушност Димовски реагираше на барањето на Стефан Богоев од СДСМ пратениците да се откажат од своите говори, реплики и контрареплики, бидејќи нивното право на кое се повикуваат, не е поголемо од правото на граѓаните на субвенции, плати, пензии кои се доведуваат во прашање. Но, Димовски му се обрати директно на Заев.

,,Немој да ни го одземате правото да зборуваме, недај Боже народот да почне да зборува“-рече Димовски.