,,Директоре,срамота е во образовна институција да ни држите политички говор!“

Со овие зборови му се обрати ученичка од  прилепската Гимназија „Мирче Ацев“ на директорот  Киро Николоски кој на насобрани ученици им држеше политички говор и ги принудуваше да одат да протестираат против двојазичност. Тој ги ослободил  од настава учениците од претпладневната настава за одат на протести.

Претходно, организирана група  ученици од други училишта влегле во ова училиште и извикувале „Еден јазик сакаме“, а во рацете носеле државни знамиња.

Директорот Николоски влегол во неколку училници и ги ослободил да им се придружат.

Но поголема група ученици не се согласила, и му се обратија со зборовите:

,,Директоре,да ви кажам поголема срамота е вие што држите политички говор во образовна институцијеа“!

 

Фото,лево-директорот Киро Николоски,десно-Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп