Директорите на национални установи го кријат својот имот

Директорите на 5 национални установи што секојдневно протестираат немаат доставено анкетни листови до Антикорупциска комисија.

Од СДСМ велат дека  функционери на ВМРО-ДПМНЕ го кршат законот со тоа што не доставиле податоци за нивната имотна состојба што е казниво дело со закон!

Станува збор за директори на национални установи и институции коишто се гласни поддржувачи на режимот во заминување.

Што кријат овие лица во врска со нивната имотна состојба и за тоа ли ги штити Антикорупциската комисија-прашаа од СДСМ?

,,Антикорупциската комисија инструирана од Груевски и соработниците нема право да штити функционери на ВМРО-ДПМНЕ на сметка на интересите на граѓаните.

Директори на 5 национални културни установи и институции немаат доставено анкетни листови за својата имотна состојба, иако подолг период се раководни лица.

Според законот имале должност најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето, да пополнат анкетен лист за својот имот и за имотот на членовите на своето семејство3-додаваат од оваа партија.