Директорка на средно училиште учениците ги терала на партиски активности

Александар Кирацовски, дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација денеска посетил неколку средни училишта и Јавни установи каде имало пријави за притисок од директорите врз вработени, ученици и врз нивните родители.

,,Посетив повеќе институции – средни и основни училишта и Домот за доенчиња во Битола, а ќе го посетам и Заводот за здравствена Заштита Прилеп-рече Кирацовски.

Посетите се поттикнати од големиот број информации кои секојдневно доаѓаат до мене, а се однесуваат на злоупотреба на службената положба и ставање на истата во функција на владејачката партија. Пријавите кои доаѓаат се и од вработените и од родителите, а и од учениците!

Имено во сите овие институции се вршел и се уште се врши притисок врз вработените да бидат кворум на митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и да собираат по неколку сигурни гласачи.

Една од директорките на едно средно училиште ги наведувала дури и учениците – малолетници на партиски активности и тоа за време на настава.

Јасно им порачав на раководителите – веднаш да престанат со глупостите и да си ја гледаат работата за која земаат плата!

Да не бидат маша во рацете на криминалната власт, затоа што никој нема да ги спаси од одговорноста! На овој начин стануваат соучесници во криминалните активности на поединци во власта, а со тоа можат да се соочат дури и со казна затвор!

Ја уверувам јавноста – Ќе направиме се изборите на 11ти декември да го отсликаат реалното расположение на граѓаните!,,-изјави Кирацовски.