Директорот во ПУИК Џеват Исени бара расчистување со криминалот во владејачките редови, па после избори

,,Првин сакам да има одговорност за оваа година и пол, кој колку е вовлечен во криминал. Пратениците кои го лажеа народот, да вратат сѐ што зеле и никогаш потоа да не бидат на листа за пратеници.

Јавно да се објават листите за вработување, кој колку вработил и кој со која заслуга авансирал за позиција.

Кој од кого примил мито и отпуштање од работа сѐ што е дојдено на мала врата.

И после ајде на избори.

Ианаку со овие што откако го ставија газето на фотелја и го заборавија народот…

Марш!“- порачува на својот ФБ профил актуелниот претседател на бордот на директори на ПУИК, Џеват Исени.

Исени беше поставен на оваа позиција како кадар на СДСМ во април годинава.

Тој само неколку денови по именувањето, се пофали дека разрешил 11 директори на ВМРО-ДПМНЕ :

„Денеска имав особена чест, со еден потпис да разрешам 11 директори на ВМРО и да именувам 11 директори на СДСМ. Имав чест и да ја потпишам одлуката на именување на Албанката од Охрид, госпоѓата Јехона Сулејмани за директорка. После 11 години Охрид ќе има директорка Албанка. Без пречки од СДСМ дозволија да ја унапредам оваа госпоѓа. Честитки“ , изјави во мај Исени.

Тој исто така прв ја објави веста дека Џезаир Шакири, алијас Командант Хоџа е именуван за советник на премиерот Заев, но по притисок на јавноста, Шакири се повлече од местото советник .