Директорот на Клиника за неврологија објави дека е позитивен на Ковид 19

Директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов, на својот ФБ профил објави дека е позитивен на тестот за Ковид 19 и дека нема никакви симптоми.

,,Денеска го добив резултатот за САРС-КоВ-2 кој е позитивен. Вчера се тестирав заради контакт со неколку пациенти кои испаднаа позитивни, иако и тие и јас бевме со заштитна опрема.
Немам никакви симптоми и од вчера сум во домашна самоизолација.
Во изминативе 4 месеци секојдневно бев на работа, не се поштедив со ротации. Сѐ со цел подобро да ја организирам работата на клиниката и да бидам достапен за сите пациенти.
Постојано носев маска на работа и надвор во затворени простории.
Почитувајте ги препораките и чувајте се“-порача тој.