,, Инспекторатот на Град Скопје – Комуналната инспекција изврши вондреден инспекциски надзор во СУГС ,,Раде Јовчевски Корчагин“ каде констатираше дека е цементирана зелена површина. Комуналниот инспектор издаде решение со кое се задолжува одговорното лице да го врати просторот во првобитна состојба во рок од 15 дена. Секое непостапување по ова решение повлекува соодветни санкции предвидени со закон“-соопштија од инспекторатот.

Инспекторатот постапи по пријава на граѓани кои со фотографија посочија дека едно исто возило е паркирано во дворот на гимназијата под дрво на трева.

.

Возилото на директорот на Корчагин

Директорот Драги Арсовски паркираше на трева, но пред извесно време дал налог зелената површина да се бетонира.