Директорот на Очна клиника ги демантира порталите ,,Лидер“ и ,,Курир“ кои објавија лажна вест

Во време кога секој проверена и точна информација е од посебна важност за нормално функционирање на државата, која е во вонредна состојба поради светската пандемија со КОВИД 19, заради правилно информирање на населението и намалување на паниката и тензиите, некои портали, како ,,Лидер“, ,,Курир“ и други, не престануваат со дезинформациите.

Директорот на Очната клиника во Скопје, ги демантира лажните вести на ови два портала кои, како што објави ,,Лидер“, а пренесе ,,Курир“, тврдеа дека наводно тој одел на работа и покрај тоа што неговата сопруга веќе добила препораки да биде во самоизолација.


,,Во целост ја демантирам веста на порталот ,,Лидер” и останатите портали во кои се тврди дека ,,не сум ги почитувал препораките за изолација и  сум ги ставил во опасност од зараза своите колеги, како и голем број вработени во комплексот клиники”, пишува во својот демант Христијан Дума, директор на Универзитетска клиника за очни болести.

,,На 10 март, само 1 ден откако на мојата сопруга и беше одредена самоизлоација, писмено се обратив до ДСЗИ за да добијам насоки за мое понатамошно делување како здравствен работник и Директор на Универзитетската клиника за очни болести, со посебна напомена дека мојата сопруга веднаш се самоизолира во посебен стан на друга адреса. Насоката која ја добив од ДСЗИ ви ја пренесувам во целост:

„Според она што сте го презеле, постапено е правилно, односно сопругата е во самоизолација во друг стан. За Вас нема посебни препораки, како контакт од втора линија, се додека нема промена на Вашата здравствена состојба“

Како што може да се види во мојата официјална е меил комуникација, јас немам препорака за изолација. И покрај ова, но и покрај тоа што во тој момент мојата сопруга имаше негативен тест на Ковид – 19 , јас 10 дена не одев на работа за што може да посведочат сите мои колеги на очната клиника.

Најодговорно тврдам дека мојата сопруга е во самоизолација на сосема друга адреса и точно 19 дена немаме никаков контакт, со што целосно ги почитуваме препораките од здравствените власти.

Барам,Лидер и другите портали кои ја пренеле веста итно да ја повлечат и да се извинат за нарушување на мојата чест и углед. Јас како директор во здравствена установа, кој доследно ги спроведува барањата и препораките на моите колеги, сум вознемирен од ваквите клевети“, стои во демантот на Дума.

Со наслов, ,,ЕКСКЛУЗИВНО: Цаца не е единствена, уште еден директор на Филипче не отишол во изолација“, порталот ,,Лидер“, раководен од Љупчо Златев, објави ваков текст:

,,Уште еден од директорите на министерот за здравство, Венко Филипче, не ги почитувал препораките за изолација и ги ставил во опасност од зараза своите колеги, како и голем број вработени во комплексот клиники, дознава „Лидер“.

Станува збор за директорот на Очната клиника, Христијан Дума, чија сопруга е една од неколкуте дектори кои се во изолација поради Ковид-19 вирусот, а биле во контакт со директорката на Кожната клиника, Нина Цаца Билјановска.

Сопругата на директорот, се наоѓаше 14 денови во изолација (од 10 март), но нејзиниот сопруг до пред неколку дена постојано одел на работа, сведочат за „Лидер“ неколку лекари…“ и така натаму.

Во прилог на овој свој текст порталот ,,Лидер“ има поставено фотографија од директорот Дум аи министерот Филипче.

Ова не е првпат овој портал да шири лажни вести, кои вообичаено се со цел- дискредитација на одредени личности, посебно на министерот Венко Филипче, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но и на други функционери од оваа партија.

АКО.мк (Е.Л.)