Таксисти карши Холидеј Ин направиле дива депонија од нивните чаши за кафе
Тука се наоѓа стојалиштето за такси возила, таксистите купуваат кафе од автомат, пијат и чашите ги фрлаат зад оградата на руинираните бараки
Велат дека никој не го собира сметот, па мораат да фрлаат наоколу. Погледнете како изгледа една канта за отпадоци и околу неа
Патеката која води кон ГТЦ, рестораните, Холидеј Ин, плоштадот, така наречената пешачка зона која е окупирана од автомобили…
Со поглед кон МАНУ, ѓубре собрано на купчиња, стои со денови и полека се претвораат во диви депонии
Паркингот се наплаќа и стопанисува од приватно лице
А наоколу се паркира кој каде ќе стаса
Кал до коленици
Како изгледа жардињера за дрво пред многубројните угостителски објекти зад ГТЦ
Клупи за одмор и поглед и мирис на контејнерите кои имаат почесно место на кеј каде крадењето плочки е нормална работа, а испокршени граничници се ,,природен“ декор

Уживајте…

АКО.мк, Емилија Лазаревска