Додевски:Немаме добиено решение,Кочан е слободен човек

Одбраната на Сеад Кочан нема добиено известување од ОССкопје 1 за одредување мерка притвор, изјави неговиот адвокат Никола Додевски. Тој е крајно изненаден како медиумите имаат таква информација пред да се достави решение до него или до обвинителството. Според тоа, се додека не добиеме такво решение, Сеад Кочан е слободен човек, изјави неговиот адвокат.

Тој ги критикуваше медиумите дека е крајно непрофесионално да се објавуваат такви информации се додека , ако има такво решение, за тоа н бидат известени странките во процесот.Побара судот да објасни како оваа информација доспеала во јавност.

Портпаролот на судот ја потврди информацијата дека е пшрифатена жалбата на СЈО на претходно речение со кое не му беше одредена мерка притвор.

Во јавноста веќе се шпекулира дека сопственикот на ТВ НОВА е во бегство.