Додик најави дека во историските читанки во РС нема да се учи за Хашки трибунал

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, најави дека во неговата земја од историските учебници ќе бидат исфрлени сите делови каде се спомнува Хашки трибунал и во иднина нема да се учи за овој меѓународен суд.

За него, ова место(трибуналот) е место на неправдата за Србите, измислено српските жртви повторно да се убијат и осудат. Тој смета дека ова е мислење на целата српска јавност, но сепак рече дека оваа одлука ќе биде спроведена во Српска, а за другите делови кадешто живеат Срби, тие сами треба да одлучат.

По пресудата на Ратко Младиќ, Додик објави дека за РС генералот е херој и тоа така ќе остане.