Додик не доби виза за инаугурацијата на Доналд Трамп

Претседателот на Република Српска Милорад Додик за РТ Република Српска изјави дека американската амбасада во Б и Х го одбила неговото барање да му издаде виза за да присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, иако за тоа тој има покана.

Додик се прашува зошто тогаш воопшто поседува дипломатски пасош и најави дека најверојатно ќе се откаже од него, а од идната година ќе патува со српски пасош.

Тој нагласи дека поканата ја добил од луѓе кои биле во изборниот штаб на Трамп. Се е подготвено , вели Додик, и акредитацијата во Вашингтон и местото за седење се знае, но овде амаериканската амбасада не ми дава виза.

Според Додик, заменикот помошник на државниот секретар на САД Хојт Јеиј, побарал од него да се откаже од политиката што ја води преку неговата партија и да се појави пред обвинителството на БиХ.