Додик слави за Сребреница со песна и хармоникаши

Во напната атмосфера, ноќеска во Сребреница подржувачите на Претседателот на РС Милорад Додик, ја прославија победата на неговата партија на локалните избори. Кандидатот за градоначалник од оваа партија Младен Грујичиќ победи и за првпат по завршувањето на граѓанската војна во Б и Х на чело на овој град каде беше извршен геноцид, градоначалник ќе биде србин.

Во Бања Лука Додик победата ја прославил со музика и песна, а како што информираат тамошните медиуми тој ја пеел народната ,,Не ни може никој ништо,,. Хармоникашот го закитил со сто евра .