Дождот го растера загадувањето

Најновите мерења на воздухот утрината покажуваат значителни намалувања на ПМ честичките во воздухот, кои во текот на ноќта беа исклучително високи , загрижувачки и опасни.

Утрината во Карпош и во Центар се измерени по 36 ПМ честички на метар кубен  воздух.

15232288_1820522184869398_8166753801580625575_n-115232288_1820522184869398_8166753801580625575_n

 

Единствено во Лисиче загаденоста одтанува висока:

 

15253370_1820522161536067_6180758083569339951_n

Во текот на ноќта околу 2 часот и потоа до паѓањето на дождот беа измерени концентрации по неколку пати поголеми од максимално дозволените. Еве ги тие мерења:

 

karpos-1rektorat


centar
lisice

 

PM честичките се многу штетни за здравјето , а се создаваат во вид на прашина од прекумерна употреба на автомобили, греење на дрва, градежни активности, па дури и цигари.

Временската прогноза за наредните денови е дека од понеделник ќе има  значителна промена на времето. Под влијание и продор на  постудена воздушна маса од север, се очекува и значителен пад на температурата, но во втората половина од денот.  Наутро ќе биде облачно, со можен повремен дожд во јужните делови од земјата.

Попладне повремени врнежи ќе има во поголем дел од земјата, но со претежно слаб интензитет. На планините овие врнежи ќе бидат од снег.

Кон крајот врнежите од дожд ќе преминат во снег, но, претежно во повисоките предели.

 

Ќе дува умрен до засилен северен ветер.

Максималната температура ќе има вредност помеѓу 4°С и 8°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток околу 9°С .