Дејвид и Луис Турпин од Калифорнија, двојката одговорна за мачење и затворање на нивните 13 деца, се осудени на најмалку 25 години до доживотен затвор.

Двојката се изјасни за виновна за мачење и затворање на нивните деца, тортура која траела со години сѐ додека едно од децата не успеало да избега од ,,Куќата на ужасот“, како што медиумите го нарекуваат нивниот дом .

Две од децата на Турпин, кои се на возраст од 2 до 29 години, се обратија пред судот пред да се изрече казна.

,,Моите родители ми го одзедоа целиот мој живот”, рече една од нивните ќерки, идентификувана како Џејн Дое број 4. Таа беше една од двете деца, кои се појавија на суд во петокот за да понудат сведоштво за тоа каква тортура претрпеле од рацете на нивните родители .

,,Но, сега”, рече таа, ,,го земам мојот живот назад”.


Двојката беше уапсена минатата година, откако едно од нивните 13 деца , успеаја да го избегаат од својот дом во Перис и ја повикаа полицијата.


Властите велат дека браќата и сестрите биле изолирани од надворешниот свет и честопати не им било дозволено да се тушираат, медицинската грижа и храната им биле одземени или редуцирани.

Тие понекогаш биле врзани со недели или дури и месеци , изјави провинцискиот окружен адвокат Риверсајд минатата година.


Денес, една од ќерките живее самостојно и според неа, животот е одличен.


,,Јас сум борец, јас сум силна и сега пукам низ животот како ракета”, рече таа, иако нејзината мајка плачеше и бришеше солзи од нејзините очи за време на сведочењето.

Брачната двојка Турпин на суд