Доживотен затвор за Радован Караџиќ(видео)

Хашкиот суд во второстепена пресуда, му ја преиначи казната затвор од 40 години и го осуди поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ на доживотен затвор.

Во конечната пресуда, Караџиќ, кој во 2016 беше осуден на 40 години затвор, е прогласен за виновен за геноцид, злосторства против човештвото и за кршење на законите и обичаите на војувањето.

73-годишниот Караџиќ се жалеше на пресудата од 40 години затвор за геноцид и воени злосторства, што се однесуваше на масакрот на повеќе од 7.000 мажи во Сребреница во 1995 година. Тој притоа бараше ослободителна пресуда или повторно судење, што беше отфрлено.

Судот ја потврди вината на Караџиќ за етничко чистење, геноцид во Сребреница, повеќегодишно тероризирање на Сараево и за киднапирање на припадници на Обединети нации.