Марија Андоновска, долгогодишен член и поранешен пратеник од ВМРО ДПМНЕ, на својот ФБ профил напишала статус во кој повикува на насилство, но и на саможртва со разнесување:

,,Ова не е прашање за милион долари, ова е прашање за Македонија. Да се саморазнесеме поради скандалозното велепредавство што ни се случува или да ги разнесеме велепредавниците“-прашува докторката по стоматологија Марија Андоновска.

Членови на ВМРО ДПМНЕ во континуитет повикуваат на убиство и насилство на неистомислениците, а тоа резултираше со крвавиот понеделник на 27 април, кога хулигани влегоа во Собрание и претепаа повеќе тогашни опозициски пратеници, меѓу кои и актуелните Премиер и повеќе министри и пратеници од владејачката коалиција.

 

АКО.мк