Докторка од Њујорк открива каква е вистинската ситуација со КОВИД 19 во САД(видео)

Докторка од Ургентниот центар Елмхерст, со видео покажува каква е вистинската ситуација во центарот на пандемијата од КОВИД 19 во САД.

На почетокот на снимката д-р Колин Смит влегува во една од просториите и покажува дека сите пациенти во неа се заразени од коронавирус.

Њујорк е жариште на КОВИД 19, а нејзината снимка покажува во какви услови се работи во преоптоварениот Ургентен центар, пренесува Њујорк Тајмс.

Таа вели дека молат за респиратори, а само неколку часа по објавување на снимката добија еден број неопходни машини за вештачко дишење.

Таа објаснува дека има недостиг од медицинска опрема за докторите во првите линии на фронтот.

,,Сите ни велат дека сѐ ќе биде ок, но ништо не е во ред“-вели таа и додава:

,,Ова е Америка, треба да бидеме прва земја во светот…“

Таа објави фотографија од камион ладилник во кој се товарат починатите од КОВИД 19.