Докторка радиолог од Ресен ја изгуби битката со Ковид 19

Вработените во Здравственит дом Ресен објавија дека нивната колешка, докторката Поликсена Стојановска Ѓорѓиевска, починала од последици на Ковид 19. Тие напишаа проштален текст за својата колешка.

,,Тешко е да се простиш од некој и да кажеш збогум кога е тој нераскинливо врзан за твоето постоење и функционирање.
Но, лесно е кога треба да кажеш што сѐ тој човек значи за нас.
Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска- нашата Поли – специјалист по радиодијагностика“-велат нејзините колеги.


Целиот свој работен век Стојановска Ѓорѓиевска беше дел од овој колектив .

Ги вгради своете знаење квалитет во оваа институција и беше нејзин нераскинлив дел, велат вработените во Здравствен дом Ресен.