Документарец за случајот „Шпион“

Ал Џезеира Балкан во недела премиерно ќе го прикаже новиот македонски документарен филм „Шпион“.

Документарецот е производ на продуцентската куќа „Револушн“ од Скопје, а е во режија на Дејан Милошевски.

Станува збор за истражувачка докумнетарна приказна која зборува за уцените, трговијата со државни тајни и други афери и ги следи случувањата во Македонија каде што полицијата уапси 20 лица, поранешни и сегашни припадници на македонската тајна полиција.