Преставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Во ова тело каде демократите имаат мнозинство, Трамп е отповикан со 230 гласови, против беа 197.

Ниеден републикинаец не гласаше за отпочнување на процедурата за разрешување на Трамп, единствениот независен законодавец гласаше за отповикување, а двајца демократи против.

Пред Трамп, ваква судбина имаа Бил Клинтон и Ричард Никсон.

Сега, Трамп се соочува со така нареченото судење во Сенатот, кое треба да се одржи на почетокот на идната година, а каде мнозинството е на страната на републиканците.

Трамп ја повика американската јавност да се моли за него.


Процедурата за отповикување на Доналд Трамп ја започна Демократската партија, а Ненси Пелоси рече дека ова е одбрана на демокартијата.

Трамп е обвинет за злоупотреба на својата службена положба и попречување на истрага и на правдата.

Извор: Ал Џезира, светски агенции