,,Доста беше омраза! Јас сум Македонец, Каракачанов е Бугарин…“, му одговори Заев на неговите најнови провокации

По последната провокативна изјава од бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, во која за Заев вели дека е Бугарин кој бавно размислува, премиерот Заев му одговори:

,,Јас сум Македонец 🇲🇰 кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик, признат од целиот свет.

Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи. Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!“-му порача Заев преку социјалните мрежи.