Доста им е од политичари, комичарот Зеленски победува во Украина, Словачка доби граѓански активист за Претседател

На претседателските избори во Украина, комичарот Володомир Зеленски, во првиот круг убедливо води против актуелниот Претседател, инаку милијардер, Пјотр Порошенско, со 30, 2 спрема 16, 6 насто освоени гласови.

Зеленски ги доби гласовите на помладата популација во Украина.

Порошенко смета дека е ова добра лекција за сите.

Aктивистката за борба против корупцијата Зузана Чапутова стана првата претседателка на Словачка, по победата во вториот круг на претседателските избори. 45-годишната Чапутова, адвокатка која речиси нема политичко искуство, е поддржана од малата партија Напредна Словачка која нема парламентарен претставник, а изборите ги формулираше како битка меѓу доброто и злото.

Претседателката на Словачка Зузана Чапутова

Чапутова е активистка за заштита на животната средина.