Достоинствено одбележување на 11 Октомври-Ден на македонското востание против фашистичкиот окупатор

Граѓани, претставници на полтичките партии и на Владата, денеска достоинствено и со повеќе активности го одбележаа големиот револуционерен празник 11 Октомври, Ден на македонското востание против фашистичкиот окупатор, кренато во 1941 година.

Во Прилеп беше чествуван со бројни манифестации, но и со величествен марш до Могилата на непобедените.

Во Куманово главната манифестација беше одржана кај споменикот на Жената борец.