Дојдоа дивите, ги избркаа питомите

Пишува: Емилија Лазаревска


Само после два дена мое отсуство од држава Аеродром, се враќам и го наоѓам Паркот на езерата окупиран од неколку фамилии Роми, со дваесетина деца, па и повеќе, претежно голи, неколку жени со малку поголеми бебиња на градите, седнати на клупите во сенка ги дојат распојасани, пет шест кучиња околу нив и ,,главата на куќата“ кој командува кој каде да се бања, како да скокне во фонтаната во паркот, онаа централната, најголемата, кој каде потоа да легне да се сонча, значи една ,,идилична“ викендашка слика , срце да ти препукне од мерак.

Алфа мажјакот е позната скопска фаца, па впрочем го има на секоја анкета направена на плоштад, а ,,репортерите“ баш него го бараат и прашуваат, оти им бил интересен. Така еднаш ми одговори една млада девојка која сакаше да биде новинар, на времето кога ја прашав дали слушнала што зборува и може ли еднаш да направи анкета , за политички прашања, без него во неа.

Нејсе, друго ми е сега зборот. Тој истиот, како пушка спремен и агресивен, како и што очекував, кога се доближив до толпата капачи, за да ги прашам зошто се капат тука, на што ова личи и дали сметаат дека е ова во ред?! Потоа побарав веднаш да го напуштат паркот, кој патем, како што напишав и фото документирав пред два дена на ФБ, стана летно прибежиште за овие ромски семејства. Направена е тотална окупација, никој не смее да им се приближи, уринираат , вршат голема нужда тука, буквално сѐ што имаат потреба и што ќе им текне.


И како што бива секогаш кога е во прашање некоја малцинска етничка група, а ромскиот алфа мажјак тоа добро го совладал, оти нели скопска фаца, нападот е најдобра одбрана, па почна да игра на етничка карта.-,,А да не беа Роми ,вака ли ќе реагираш, мори?! Мрш да те нема ти ли ќе ни кажеш каде да се бањаме, Груевски ова во наследство да не ти го оставил“ и налетува да ме тепа.


До толку е осилен што ми се обраќа со најпогрдни зборови и нормално, не дека допира до него, јас се обидувам да му укажам дека водата е валкана, штетна за децата бла, бла….за да не ги навредам или пак да ме обвинат за говор на омраза.


Сега ќе се јават мудреците и ќе речат, па да , зошто мораш да потенцираш дека се Роми, деца се бањаат нели…Е па мора бе драги енџио-вци и други граѓански активисти. Некои од вас баш на Ромите зедоа грдни странски пари, па Декада на Ромите, па маргинилизирани групи….И?! За што ги потрошивте тие милиони евра европски пари? Што постигнавте? Дали ги цивилизиравте, дали ја подигнавте нивната свест, дали ги тргнавте од улица, дали ја намаливте сиромаштијата, дали ги научивте на општествено корисно однесување, дали барем ги воспитавте таму каде што се населуваат, да си го собираат ѓубрето, а не да живеат со него. НЕ! Ништо од ова.

За партиите не сакам ни да зборувам. За нив постојат само за време на избори. Нема да ја заборавам онаа епизода со Курто Дудуш кога ги убедуваше неговите сонародници да земат книшка на СДСМ. Таа, им велеше Курто, ќе ви биде и здравствена легитимација, и пропусница за базен и лична карта, сѐ…велеше Дудуш. И Курто го симна Мурто. Вистина стана градоначалник.

Пак да се вратам на мојата приказна…Значи, инцидентот во Паркот на езерата привлече неколкумина од блиската пералница на коли, кои на мојата забелешка зошто не реагираат, само кренаа раменици и одговорија со прашање-Што да им правиме, со денови е вака.

Значи, со денови е вака, паркот е киднапиран од Роми кои дивеат по него, паркот, некогаш грижливо чуван и одржуван, да, да во времето на Ивица Коневски, сега е препуштен на група агресивни Роми. Да, да, во времето на Златко Марин.

Значи, во целиот парк имаше само една жена седната на клупа, другите го заобиколуваа во широк лак, и таа со ист одговор-со денови е вака. Ја прашав зошто не реагира, крева раменици. Добро, знам, знам…Јас сум последната будала…

И додека исправам криви дрини, ,,главата на куќата“ дивее, по што јас морам да ја применам последната стратегија и се заканувам дека ќе викнам полиција?! Ох, Боже, најдов во која црква да се крстам. А тој, викни го и Груевски ако сакаш…и со ова ме порази комплетно.Едноставно си ја свиткав опашката , и дојдов дома да напишам нешто, бидејќи тастатура трпи сѐ…


П.С. Колумната е посветена на Марсовец Златко Марин, најмарсовскиот градоначалник во Македонија, Европа , Свет, па и пошироко. И на сите други , што ќе се препознаете во насловот. А ќе се препознаете…притоа не мислам на овие ,,кутри“ Роми.

Салуте до следните избори.

За АКО.мк

(Емилија Лазаревска е основач и Главен и одговорен уредник на портал АКО.мк. Професионален новинар е од 1986 година кога, како студент на новинарство, почна да работи како хонорарен соработник во Телевизија Скопје, каде стекна богато новинарско искуство. На почетокот на деведесетите беше вработена во МТВ на неопределено време. Во 1998 година ја напушти МТВ и оттогаш, од самите почетоци и формирањето на телевизијата, па сѐ до 15 јуни 2016 година, работеше во Телма како новинар и уредник. Во нејзината 18 годишна кариера во Телма учествуваше во формирањето на редакцијата на вестите, а 13 години беше Одговорен уредник на вести)