До октомври ќе се укинат квотите за лекови на рецепт во цела Македонија

Од денеска, се укинуваат квотите на лекови за месец август во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија.

Со оваа одлука, во фази започнува спроведувањето на мрежата за доставување на лекови без квоти и воспоставување на дополнителни механизм за заштита од злоупотреба.

На овој начин се надминува проблемот со недостатокот на лекови, односно, лековите на рецепт и се зголемува нивната достапност со цел потребните лекови на граѓаните да им бидат достапни преку целиот месец, а не само на почетокот на месецот како што беше пракса досега.

Ова е првиот конкретен чекор кон целосно укинување на квотите. Во меѓувреме, се воведуваат дополнителни контроли и се засилува целиот механизам.

Укинувањето за цела Македонија ќе се реализира до октомври.

Секој издаден лек на рецепт во тек на целиот месец ќе биде покриен од здравствениот фонд.

Нема турканици, чекање и паника за недостиг на лекови.

Начинот на издавање на лековите останува непроменет.

Пациентите кои не се во можност лично поради здравствени причини, како и досега ќе ги подигнат лековите преку своите блиски, информираат надлежните институции.