До 11-ти ноември пријавување на гласачите од дијаспора

Македонските државјани кои живеат во странство, од денеска до 11-ти ноември ќе можат да се пријавата за гласање за предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.

На веб-страницата на Државна изборна комисија е објавена посебна апликација, преку која државјаните на РМ кои живеат во друга земја ќе можат да се пријават дека сакаат да гласаат.

Околу 80.000 кои се пријавени во базата на МВР и се водат како иселени во избирачкиот список, ќе треба само да се пријават за гласање, додека другите што не живеат подолго од три месеци во Македонија, ќе треба да приложат посебни документи за тоа каде живеат.

Според новите измени во изборните закони, Избирачкиот список, освен податоци за гласачите ќе содржи и фотографии, за да се намалат шансите за евентуални злоупотреби и нерегуларности.