До 13 часот во Теарце гласале 35.29 насто избирачи

На избирачкото место 2011 во Теарце, од запишани 714 избирачи, до 13 часот на гласање излегле 252, или 35.29%.

Претходно, ДИК соопшти дека до 10 часот, на гласање излегле 76 од запишани 714 избирачи, или 10.64 отсто.

– Гласањето се одвива мирно и без проблеми. До 11:30 часот излезеноста е околу 150 лица, од вкупно запишаните 714 на Избирачкиот список и споредбено со изборите на 11 декември во истиот временски период е нешто поголема, изјави Татијана Чуприна, заменик-претседателка на Избирачкото место 2011 во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце.

На гласачкото место има набљудувачи од политички партии и од невладини организации, забележително е и присуство на припадници на полицијата.

Следниот податок за излезност на гласачите ДИК ќе го соопшти по 17 часот.