До 13 часот излезноста е 34,83 проценти

Според Државна изборна комисија излезноста на овие избори д 13 часот, на територијата на Македонија е 34,83 отсто од избирачите, односно, правото на гласа го искористиле 581.899 избирачи, соопшти претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

По изборни единици, одзивот е следен:

ИЕ 1 – 38,35 отсто

ИЕ 2 – 33, 71отсто

ИЕ 3 – 38, 62 проценти

ИЕ 4 – 39, 09 отсто

ИЕ 5 – 33, 5 отсто

ИЕ 6 – 23, 85

До ДИК пристигнале 20 приговори за заштита на личното избирачко паво, односно, граѓани не биле запишани во Избирачкиот список.

ОД ДИК утврдиле дека сите овие граѓани се наоѓаат во делот на спорни записи во Избирачкиот список, а не поднеле пријава до ДИК. Комисијата нагласи дека за тоа водела интензивна изборна кампања, а потоа имало доволен рок за увид во списокот.