До 2015 од Македонија се иселиле 24,8 жители

Според податоците на Обединети нации до 2015 година  од Македонија се иселило 24,8 проценти од населението. На врвот на скалата емигрирано население од земјите од Југоисточна Европа е Босна и Херцеговина од каде претежно во земјите од ЕУ емигрирале дури 43,3 проценти, но нјаголем број се преселиле и живеат во Хрватска откако таа стана земја членка на Унијата.
На врвот на скалата се наоѓа Б и Х, Албанија, Македонија, Португалија, Црна Гора, Молдавија, Хрватска, Литванија, Ирска , Романија.

Мапата која според податоците на Обединети нации ја направи картографот Јакуб Мариан, процентуално изгледа вака:

Б и Х ………..43,3 проценти                                          Молдавија        21,8

Албанија…..38,8                                                           Хрватска          20,4

Македонија..24,8                                                          Литванија        18,9

Португалија..22,3                                                          Ирска               18,8

Црна Гора…..22,1                                                          Романија          17,5

Најмал процент на иселено население последните години од земјите од регионот има во Србија-10,9 проценти. Населените од оваа земја најчесто емигрира во Австрија.Но, овие податоци откриваат дека не само што е голема миграцијата од останатите земји кон членките на ЕУ, туку таа е исто така голема и меѓу самите земји членки.

Податоците кои ги користи ОН се однесуваат на местото на раѓање, а не според етничка припадност или државјанство.

 

Извор, Јутарњи лист,агенции