Српскиот политичар и градоначалник на Јагодина, Драган Марковиќ Палма, е хит на социјалните мрежи со видеото од Виена. Имено, тој покажува дека нема намера да ја премине улицата на семафор на кој има две човечиња како се држат за раце и меѓу нив има срце.

,Не, овде не“-вели Палма и одмавнува со раката.

Овој контроверзен српски политичар не го крие своето незадоволство од геј популацијата и отворено ги кажува своите негативни ставови во однос на ова прашање.

Извор:пинк.рс,блиц.рс