Драган Спасов-Дац даде оставка од местото в.д. директор на МНТ

Министерството за култура ја известува јавноста дека денеска ја прими и ја прифати оставката на в.д директорот на Н.У Македонски народен театар, Драган Спасов – Дац, стои во кусото соопштение од ова министерство.

Претходно, владата соопшти дека лице кое сторило ваков тежок прекршок, не може повеќе да раководи со државна институција. Ова е ставот на Владата, што го пренесе портпаролот Миле Бошњаковски.

-МВР и сите други органи ќе го истражат настанот детално и во најкус можен рок сите наоди ќе ѝ бидат презентирани на јавноста. Лице кое сторило ваков тежок прекршок и довело во опaсност друга личност, за среќа во случајот без сериозни последици по нејзиниот живот, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција. Ова е ставот на Владата на РМ – рече Бошњаковски.

Вчера, директортот на МНТ и актер, Драган Спасов Дац, со своето возило удрил во 21 годишна девојка, кај која се костатирани лесни телесни повреди и е на домашно лекување. Според неофицијална информација на МВР, кај Дац е констатирано присуство на алкохол во крвта.