Драган Спасов Дац: Очекувам оставка од Богоевски и прес на Миле Бошњаковски

,,Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес конференција на Миле Бошњаковски!
Како што е ред, нели? “-порачува актерот Драган Спасов Дац по признанието на пратеникот Павле Богоевски дека снимката објавена вчера е автентична и дека тој наводно нарачувал масло од канабис, а не кокаин, како што тврди објавувачот на тајната снимка.

Драган Спасов Дац си даде оставка лани од местото Директор на МНТ, веднаш по објавувањето дека направил сообраќајка во алкохолизирана состојба.

Портпаролот Миле Бошњаковски пак , за ова имаше прес конференција во Влада.