Драган Ѓилас бара ,,Пржински договор“ во Србија

Еден од српските опозиционери, поранешниот градоначалник на Белград и претседател на ДС, Драган Ѓилас , смета дека само договор како Пржинскиот во Македонија, ќе ја извади Србија од политичка криза.

Српските медиуми потсетуваат дека Пржинскиот договор подразбира техничка влада 100 дена пред одржување на избори и гарантирано министерско место во внатрешни работи за опозицијата.

Во интервју за македонската државна агенција, МИА, Ѓилас, изјави дека опозицијата донесе одлука за бојкот на изборите во септември и нема намера да ја смени додека не се исполнат нормални услови за спроведување на изборен процес.