Драматично обраќање на Вучиќ, се воведува повторно полициски час

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, повторно со драматична прес конференција и драматично обраќање, по завршување на изборите.

Тој најави дека во Белград се воведува полициски час, бидејќи ситуацијата со корона вирус е крајно алармантна.

Рече дека се преполни сите болници и дека здравствениот систем е пред колапс.

Денеска се регистрирани нови 300 случаи на заразени од Ковид 19, на ниво на цела Србија.

Починаа 13 лица, а на респиратори се наоѓаат 120 луѓе.

Од утре се воведува забрана за собирање на повеќе од 5 луѓе, а од петок до понеделник полициски час.