Драматично повлекување на водата од Преспанско Езеро

Бројни екологисти и посетители на Преспанско Езеро, деновиве објавуваат фотографии и апелираат да се стори нешто.

Велат, езерото пресушува.

Фотографиите од ФБ страницата Пријатели на Преспа, покажуваат дека брегот е десетици метри навлезен кон езерото, поради повлекување односно намалување на водостојот.