Драматично спасување деца во Сирија(видео)

Сириските Бели шлемови, волонтери кои работат како спасувачи, објавија снимки на спасување на две деца од урнатините во едно село близу Халеп каде денеска во бомбардирање загинаа 18 цивили.

За да го извлечат момчето, спасувачите користеа бушилица за армиран бетон:

Другото видео го прикажува спасувањето на девојче од урнатините на една зграда.

Оваа област во Сирија е изложена на жестоко бомбардирање веќе четврти ден.