Драстично зголемување на заразени во Србија, за еден ден 512 нови случи

По неколкумесечно релативно смирена и добра состојба со корона вирусот, изминатото деноноќие во Србија се регистрирани нови 512 случаи и двајца починати.

Во наредните денови се очекува влошување на ситуација, заради што се највуваат нови мерки.

Најмногу нови случаи има во Белград.

Ова е најголема дневна регистрирана бројка на заразени од Ковид 19.