Дрвокрадци во велешко тешко повредија полицајци

На социјалните мрежи се појави видео од Велес на кое се гледа дека Брза помош вози низ градот со полициска придружба. Твитер налогот подолу објави дека дрвокрадци нападнале и истепале неколку полицајци од кои двајца се тешко повредени.

За ММС од велешката болница потврдиле дека се примени на ургетно повредени полицајци , но не можеле да дадат повеќе информации.

Деновиве се вршат засилени контроли низ шумите, а шумските полицајци често се цел на дрвокрадците кои не ретко посегнуваат и по оружје.