,,Дрвото” од градоначалник му порача на советникот од ВМРО ДПМНЕ дека нема домашно воспитување

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски му порача на советникот од ВМРО ДПМНЕ дека нема домашно воспитување и дека ги навредува граѓаните на Центар кои гласале и за него. Ова е реакција на прес конференцијата на советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јордан Ристески кој не бирајќи зборови за градоначалникот Жерновски го обвини  дека не го изградил училиштетео во Капиштец иако ветил.

,,Дали гледате некаде училиште? Не, нормално не гледате. Не го гледате училиштето кое требаше да го направи мрзливиот Андреј Жерновски бидејќи не го изгради веќе 4 години-рече советникот од ВМРО ДПМНЕ во општина Центар Јордан Ристески.

Тој вети дека ќе го направи училиштето уште во 1-вата година од својот мандат, а денес после 3 ипол години еве што има од училиштето. Само камен темелник, слики од мрзливиот Жерновски со лопати и гола пропаганда.

Да потсетиме дека целата документација и буџет и ДУП беа подготвени од претходниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Но нема училиште .

На Андреј Жерновски поважни му се боемските улици од 1.2 милиони евра, тамбурашите и диџеите како Стив Аоки од стотици илјади евра.

Андреј Жерновски е пример за „дрво” од градоначалник.

Кога граѓаните на Центар во 2013-та не го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ сигурно имаа причина. Но, центарци не беа свесни какво „дрво” од градоначалник поддржале.

Граѓаните на Центар исто така не беа свесни дека ги поддржаа лошите навики на мрзливиот Жерновски.

,,Ваквиот речник на советникот Ристески е срамен и недоличен. Навредите како „дрво од градоначалник“ и вокабуларот кој тој и неговата партија го користат се резултат на многу страв, гнев и недостаток на домашно воспитување-одговорија од клабинетот на градоначалникот Жерновски.

,,Центарци пред се’ бараат политичари со основно домашно воспитување, кое Ристески го нема. Овој настап на советникот е навреда за граѓаните на Центар кои гласале за него и неговата партија. Прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ се оддржуваат само лично да се навредува градоначалникот Андреј Жерновски.

Бесцелно е веќе да им се одговара на лагите и навредите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ. На Ристески ќе му поставиме само едно прашање: Ако се’ било подготвено за ново училиште и нова градинка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, зошто тие цели 13 годни не го изградија? Ја разбираме паниката на ВМРО-ДПМНЕ за убедливо најслабиот резултат во Центар и поразот од преку 8500 гласа разлика. Но, овој навредлив  говор ќе донесе само поголеми загуби на нивното конто. Покрај тоа, центарци знаат дека освен испраните 55 милиони за барок и споменици, преку општинскиот буџет, ВМРО-ДПМНЕ ништо не направи за нив во три мандати. Со ваквите настапи нема да го подобрат сопствениот рејтинг, ниту да го намалат рејтингот на градоначалникот кој и според нивните анкети е највисок досега.,,-стои во реакцијата од градоначалникот на општина Центар.