,,Ромите затекнати под Кале сега имаат дом, документи и речиси сите примаат социјална помош. Се грижиме за секое семејство и секое дете. За нивната интеграција се ангажирани ромски организации, кои работат со нив по 12 часа, во две смени. Им помагаат да најдат работа, да добијат пристап до здравство, образование и сите услуги кои им следуваат од државата“-вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Владата на РМ и обебеди дом на вкупно 96 лица, од кои 66 се деца.

,,Ние сме социјална држава и се грижиме за сите граѓани да имаат достоинствен живот и еднакви услови. Со премиерот Зоран Заев  бевме во посета на привремените живелишта во Визбегово. Лицата тука имаат можност да почнат со работа, а децата им се вклучени во образовниот процес. Секој од нив има документи и поголемиот дел се корисници на социјална помош. Од идната недела нашите социјални тимови ќе прават мапирање на лицата под Кале, со цел да понудат сместување за сите оние кои се без живеалишта“-вели Царовска.