Државната каса е комплетно во женски раце

За првпат во историјата на Македонија , жени раководат со главните државни финансиските институции.

Откако на чело на Министерството за финансии дојде Нина Ангеловска, државната каса од сите аспекти е комплетно доверена во женски раце.

Три млади и амбициозни госпоѓи-ци се грижат за државниот трезор, за државната каса, буџетот и за неговото полнење.

Имено, со Народна банка раководи д-р Анита Ангеловска-Бежоска.

д-р Анита Ангеловска Бежоска, Гувернер на Народна банка


Д-р Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија во мај 2018 година, со речиси дванаесетгодишно претходно работно искуство во институцијата, и тоа, најпрво како главен економист, а потоа, безмалку осум години како вицегувернер задолжен за областите монетарна политика, истражување и статистика, при што беше и заменик-гувернер на Република Северна Македонија во Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Член е на Комитетот за централнобанкарска статистика „Ирвинг Фишер“ при Банката за меѓународни порамнувања во Базел.

Пред да пристапи кон тимот на централната банка, таа има двегодишен работен ангажман во ММФ, во Вашингтон, САД, првенствено како економист во Одделот за макроекономски политики во европските земји, а краток период и во Одделот за фискални политики.

Својата работна кариера ја има започнато како стручен соработник за финансискиот систем во Министерството за финансии, во кое на различни работни позиции поминала осум години од својата работна кариера.

Во текот на 2003 и 2004 година беше државен секретар во Министерството за финансии.

Сања Лукаревска е директорка на Управа за јавни приходи.

Сања Лукаревска, Директор на УЈП

Роденa е 1982 година во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2005 година. Својата професионална кариера ја започнува во Управа за јавни приходи. Од 16 јуни 2017 година е именувана од Владата на Република Македонија за вршител на должност Директор на Управа за јавни приходи. • Од 20 февруари 2018 година е именувана од Владата на Република Mакедонија за Директор на Управата за јавни приходи.

Нина Ангеловска е Министер за финансии, но и останатите две највисоки позиции на оваа институција, исто така ги раководат жени.

Нина Ангеловска, Министерка за финансии со заменик-министерката Ширет Елези и државната секретарка, Јулијана Петановска

Нина Ангеловска, првиот работен оствари средба со заменик-министерката за финансии Ширет Елези и со државниот секретар Јулијана Петановска, на која беа дискутирани тековните активности на Министерството за финансии.

Ангеловска на позицијата министер за финансии доаѓа од приватниот сектор. Таа е основач на „Групер“, компанија за е-трговија. Ангеловска докторирала менаџмент на Економскиот факултет во Скопје. Има бројни домашни и странски признанија. Германскиот магазин „The Hundert“ ја вбројува во листата на 100 успешни жени основачи  на старт-апи, а магазинот „Forbes“ ја наградува со признанието „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и е-трговија. Во 2017 година Ангеловска го иницира основањето на првата Асоцијација за е-трговија и станува нејзин претседател. Од 2018 година Ангеловска е член на УО на Европската асоцијација за е-трговија ЕМОТА. Во 2019 година таа станува и член на УО на Стопанската комора на Македонија.

Има 31 година.