Државната награда за публицистика и новинарство ,,Мито Хаџи Василев-Јасмин“ нема да биде доделена

Одборот за доделување на државната награда од областа на публицистиката и новинарството, при Министерство за култура, одлучи оваа 2019 година, наградата да не биде доделена.

Ниту еден од пријавените кандидати не го добил потребното мнозинство.

Одборот брои 12 членови и претседател. Претседател на одборот е новинарката Катерина Блажевска.

Ова е одлуката што утрината ја објави Министерство за култура:

——————————————————————————————————————–

С О О П Ш Т Е Н И Е

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди  („Службен весник на Р.М.” бр.52/06,бр.54/07, 74/12, 99/18 и Сл. весник на РСМ бр. 98/19 ),  и член 8 став 3 од Правилникот за работа, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин”, на седницата одржана на 26.11.2019 година  донесе:

О Д Л У К А

1. Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, одлучи во 2019 година државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, која се доделува  за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија да не се додели на ниту еден од пријавените кандидати.

2. Одборот одлучи како во точка 1 од оваа Одлука со оглед на тоа што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за  2019 година.

               3. Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна  Македонија”.

                                               Претседател на Одборот

                                  за доделување на државната награда

                                           “Мито Хаџи Василев – Јасмин”,

                                                   Катерина Блажевска

——————————————————————————————————————–

Оваа награда не беше доделене ниту во 2017 година, но тогаш министерството задоцни со распишување на конкурсот за нови членови на одборот што одлучува за доделување на наградата.

АКО.мк