Државниот правобранител Фехми Стафа ќе го повлече предлогот за забрана за емитување на ,,Ругање со Христос“

Државниот правобранител на Република Македонија утре ќе го повлече предлогот до Основниот суд Скопје 2 за изрекување на мерката времена забрана за прикажување на филмот „Ругање со Христос”.

Државен правобранител на Република Македонија е Фехми Стафа, кадар на Беса, а е именуван од Владата на 22 август 20018 . Тој на предлог и барање на министерот за култура, Асаф Адеми, негов партиски колега, поднел предлог до судот за забрана за прикажување на филмот на Јани Бојаџи низ кино салите во Макеедонија.

Како што соопштија од Државното правобранителство за МИА, решениетоза повлекување на предлогот за забрана е донесено по направени дополнителни и целосни согледувања и правни анализи.

„Од страна на Државниот правобранител, после информацијата дека филмот веќе се емитува, констатирано е дека по однос на барањето нема веќе правна основа. Согласно ингеренциите, постапувањето на Државниот правобранител ќе биде насочено единствено кон заштита на имотните права на Република Македонија поврзани со исплатите на надоместокот за филмот од Буџетот на Република Македонија,“ наведуваат од Државното правобранителство.

Фото: Фехми Стафа со министерот за култура Асаф Адеми