,,Држи растојание“, порачува Дурловски со натпис на заштитната маска

Политичките партии ја започнаа својата кампања во нови услови и со правила за заштита од Ковид 19.

Се користи секоја можност да се упати порака до избирачите, па и преку заштитните медицински маски кои се задолжителни во кампањата.

Носителот на листата на ВМРО ДПМНЕ за ИЕ 5, Игор Дурловски, со натпис на својата заштитна маска им порачува на присутните да држат растојание.

V како победа и Држи растојание на заштитната маска, Игор Дурловски во Битола

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговата партија не пропуштија да го стават слоганот на кампањата и медицинските маски.

,,Можеме„, порачува Заев со натпис на заштитната медицинска маска

Инаку, политичките партии ги користат дури и заштитните маски за партиски симболи, а нивни приврзаници може да се видат низ градовите со симболи на партиите на маските со кои им е се прекриени носот и устата.

АКО.мк