Дрскиот директор отворено порачува дека пак ќе агитира ученици да одат на протести

Директорот на гимназијата ,,Мирче Ацев “ од Прилеп Киро Николоски оди чекор натаму во злоупотреба на својата службена положба и јавно одговара на прозивките со дрскост. Тој вели дека и натаму ќе ги тера учениците да одат на протести во одбрана на Македонија, а тоа ќе им го објасни и на учениците Албанци. Политичко агитирање во образовни институции е забрането со закон и е кривично дело.

Од Министерство за образование реагираат дека тоа што го прави директорот во прилепската гимназија е ширење омраза и потикување национална нетрпеливост и ќе побараат од Државниот просветен инспекторат да преземат конкретни мерки.

Николоски денеска беше снимен од ученици во моменти кога ги убедуваше дека нивна патриотска должност е да излезат на протестите што ги организира движењето За заедничка Македонија. Дел од учениците се спротиставија и реагираа дека е срамота што врши политичка агитација во образовна институција. Но, поголем дел со ученици од други училишта со држави занимиња и скандирање отидоа да протестираат на улица.

Сите беа ослободени од часови.