На ФБ страницата Сообраќаен срам, граѓани секојдневно постираат разни сообраќајни прекршоци.

Еден од најдрските е сечењето на булеварот Партизански одреди кај Силбо на пешачкиот премин кон Универзална сала.

Тука има лавиринт железна ограда, токму за заштита на пешаците од невоспитани возачи.

Но, и тоа не може да ги спречи да прават сериозен сообраќаен прекршок.

Овие млади возачи очигледно немаат време да почитуваат правила, па на очиглед на шокираните пешаци најдрско се префрлија од другата страна на булеварот.

Ова не е првпат и овие сообраќајни прекршоци главно ги прават помладите возачи.

Нема повратна информација дали некој бил казнет и зошто овде не се воспостави повторно сообраќаен ред.